Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во септември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.9 %.
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.