Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.
Во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со првото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3.8 %, трошоците за материјали за 0.2 %, а трошоците за вработените се повисоки за 12.5 %.
Во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со второто тримесечје од 2021 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 20.7 %, трошоците за материјали за 19.8 % и трошоците за вработените се повисоки за 22.6 %.