Зголемување за 60% во однос на 2021-ва: Рекорден број мигранти го преминаа Ла Манш минатата година

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Рекорден број мигранти го преминале Ла Манш во 2022 година, а бројот на пристигнувања во Британија е зголемен за 60 отсто во споредба со претходната година, пренесува „Скај њуз“.

Ла Манш со мали чамци го минале 45.728 луѓе, што е зголемување за 60 отсто во споредба со 2021 година.

Во изминатите 12 месеци четири лица ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Ла Манш откако нивниот брод се превртел.

Британската влада постојано вети дека ќе донесе строги мерки за запирање на протокот на мигранти и за сузбивање на активностите на криумчарите.

Бројките, засновани на привремените податоци што ги објавува владата на дневна и неделна основа, покажуваат силен пораст на пристигнувања минатата година, продолжувајќи го повеќегодишниот тренд што не покажува знаци на запирање.

Слични содржини