Човештвото од почетокот чекори меѓу негативните светогледи за светот и историјата во кои човечкиот проект се изразува во организирање на парада пред некаква закана – реална или замислена, и позитивните светоглед, засновани на утопии, кои потоа треба да се определат преку проектите.
Негативните идеологии секогаш завршуваат и се користат како изговор на заканите за да ги погази слободите. Понекогаш кога противниците им ги загрозуваат, позитивните светогледи стануваат негативни. Во блиското минато како негативна идеологија може да се цитира националсоцијализмот, изграден врз измислената закана од Евреите, како позитивна идеологија, заведени кон негативна – комунизмот во една земја, станала тоталитарна, како реакција на повеќе или помалку измислени класни непријатели. Како позитивни идеологии, кои можат да бидат одобрени или одбиени – Либерализмот и социјалдемократијата. Денес две опасности градат две нови негативни идеологии и предизвикуваат проекти кои носат ембрион на тоталитаризам. Заканата од фундаментализам, обоен со оваа од неконтролирана прилив на бегалци, води до идеологија, фи негира и едната и другата, и предлага да бидат издигнати институционални и физички пречки. Тоа се гледа насекаде, на пример во говорите на Доналд Трамп во САД и во оние на екстремистичките партии во Европа. Климата на закана води исто до идеологија на затворањето, основана на забрана за производство или за исхрана, или за преземање на каков и да било ризик. Ова исто така се гледа насекаде – во изјавите на најрадикалните од екологистите во САД, Европа или Јапонија. Динамиката исто е тоталитарна, како што покажува однесувањето на оние кои се противат на жестоко на секакви инфраструктурни проекти, игнорирајќи демократските процедури кои ги дозволиле.
Во отсуство на позитивни идеологии, овие две негативни идеологии влијаат врз доминантните политички партии: предлози на крајната десница за имиграцијата се наоѓаат во програмите на десницата, како и на социјалдемократите, кога се на власт, оние на најекстремните екологисти исто се поделија во платформите на левицата, како и во оние на десницата. Општо земено, спротивно на она што широко се тврди единственото размислување не е она што ги собира либералите и социјалдемократите. Тоа е во збирот во сите проекти на сите партии на идеите на најекстремните екологисти и на најжестоката ксенофобија. Значи ако не се внимава, насекаде ќе се утврди нешто како зелено-кафеава диктатура. Ништо нема да биде полошо отколку ако во САД и во Европа, а особено во Франција, владините партии бидат оставени да се претворат во тројанци на повеќето тоталитарните догми. Демократијата не би преживеала. И тоа не е теоретски зборување: како што се гледа што се случува во САД, никогаш не сме биле толку блиску до собирање на условите за државен удар. На крајот таа земја е последната од демократиите, родени во векот на просветлувањето, која не била подложена на таков. пристап Одговорот за владејачките партии не е во екстремистичка ескалација – избирачите секогаш ќе ги преферираат оригиналите пред копјата, дури и ако треба да се помине низ напуштање на слободите. Тој е во изградбата на една или повеќе нови позитивни идеологии.
За мене е јасно – да се делува во интерес на следните генерации, тоа е условот за нашата сопствено среќа, и во рамките на овој рационален алтруизам треба да се мисли за проект на општество базирано на емпатија, соработка а задоволството да си е во служба. Таква позитивна идеологија дава многу попривлечен одговор отколку негативните идеологии за закани за климата и тероризам. Дејствувајќи во интерес на следните генерации, ќе бидат направени потребните енергетски промени, без за тоа да има потреба од тоталитарни забрани. Помагајќи кај нив на оние кои новите и ќе дојдовен уште повеќе кај нас, и примајќи достојно оние кои треба да го прифатиме, ќе избегнеме незадоволството и чувството за понижување кај едните и чувството дека ги освојуваат, кај другите. Така ќе создадеме услови за балансираност, трајност и демократски развој на светот, и секако почитувањето на животот под сите негови форми.
———
Жак Атали е француски економист, финансиер и филозоф. Во 1991 година станува основач и прв шеф на новата Европска банка за обнова и развиени. Автор е на романи, есеи и монографии, меѓу нив се издвојува книгата “Евреите, светот и парите” .