Оваа поговорка, плод на народната мудрост, од која го донесувам насловот, присутна кај Ниче во “Зајдисонце на идолите” во познатата мисла дека “она што не ме убива, ме прави посилен”. Тоа е начин на изразување кој не враќа кон дејството на вакцината (заразување со злото, за да се заштитиш) и кон продлабочување на идејата според која “шумот” може да уништи редот или напротив, може да помогне во менувањето на редоследот , согласно начинот по кој редослед е во состојба да се “слуша” овој “шум”.

Како ќе го толкуваш тероризмот според овој поглед? Дали тој е само извор на лична тага и колективно несреќа? Во состојба е да ги уништи нашите души и нашите демократии, не турка кон апсурдно одмазда и откажување од сите наши принципи? Или може да се замисли дека одговорот кој ќе му го дадеме, ќе им помогне на нашите општества и на секој од нас да ги реши огромните и премногу долго запоставените проблеми?
Ако нашите општества се во можност да слушнат што им вели овој бран од лудило, ако ја задржат ладнокрвноста во лицето на оваа растечката светска војна, тие ќе извлечат пет многу важни заклучци за иднината:
1. Одвојување на многу повеќе средства за нашата безбедност. Значително зголемување на поврзаните буџети (за одбрана, правда и внатрешни работи), поттикнување на развојот на иницијативи во оваа сфера, мобилизирање на целата нација, на резервисти на Националната гарда, на училишта и претпријатија во оваа свест и таа желба да се бориме за нашите вредности.
2. Споделување во рамките на членките на ЕУ на новите средства финансирани со дополнителни европски пари за осигурување на заштитата на границите и управување на протокот на мигранти. Така европскиот проект ќе ја открие својата висока политичка и рационална смисла.
Прелажан од САД, турски генерал раскажа за шокантни „детали за превратот“
3. Примена на посамоуверена политика за =устројување на младите на работа, особено оние кои не добиле стручно образование. Познато е она што треба да се направи, дури и со малку ресурси, така што секој млад човек да добие шанса да се реализира во општеството и да биде корисен.
4. Воведување во образовниот систем на потребните елементи за будење на желбата за заеднички живеење, од носење на униформи во училиште до учество во масовни настани, од световното образование до тоа по религија. Сето ова ќе им даде ново значење на идејата за припадност кон една национална заедница.
5. Поттикнување на здружување во културната сфера и спортот, па преку заеднички иницијативи Французите да се зближуваат. Таквата политика ќе има позитивно влијание не само врз безбедноста , но исто така и врз растот, вработеноста и радоста на животот заедно. Треба да го правиме тоа на долг рок.
Ссоочени со такви трагични настани како атентатите, политичарите конечно јасно и храбро да одлучат, во екот на летото да се соберат и да ги остават настрана ситните ривалства, за да имаат храброст да започнат во септември таква програма за национално единство.
Француските политичари нема да го стори без надворешен притисок: тие се толку неспособни да се обединат во име на таква програма, колку се непогодни и за изработка на различни програми за претстојните претседателски избори. Ако земјата го сака, треба да го стави на дневен ред / БГНЕС
——————–
Жак Атали е француски економист, финансиер и филозоф. Во 1991 година станува основач и прв шеф на новата Европска банка за обнова и развој. Автор е на романи, есеи и монографии, меѓу нив се издвојува книгата “Евреите, светот и парите”.