„Жал ми е што не ти кажав…“: Карлеуша проговори по трагичната смрт на Момир Луковац!

од Nikola Popovski
529 прегледи

Смртта на младиот пејач Момир Луковац (24) од Подгорица, кој беше учесник на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, ги шокираше неговите колеги, но и целиот тим на Гранд, вклучително и Јелена Карлеуша.

Пејачката, инаку член на жирито во музичкото натпреварување, се огласи на Инстаграм по оваа немила пригода и изрази жалење за предвременото заминување на младиот Момир, кој наводно извршил самоубиство.

„Кој тебе момче, не те сакаше дечко? Јас сè уште не можам да верувам … Никој не е вреден толкава болка и жртва! Никој! Жал ми е што не ти кажав …“, напишала Карлеуша по смртта на Момир.

Според неофицијалните информации откриени од неговата колешка и пријател Крстиња Тодоровиќ, исто така натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“, Момир извршил самоубиство во станот во кој живеел со својата девојка.

Таа исто така изјави дека ништо не укажувало на трагедија, како и дека Момир штотуку снимил нова песна во студиото неколку часа порано тој ден.

Слични содржини