Во Лондон се одржа церемонијата на доделување на наградите на магазинот GQ „Men of the Year“, а Селма Хајек беше меѓу многуте познати личности кои се појавија на неа. Познатата 56-годишна мексиканска актерка го привлече вниманието на црвениот тепих во многу елегантен фустан.
Селма за оваа пригода избра фустан од угледната британска дизајнерка Вивиен Вествуд.
Ќе беше совршено модно издание доколку Селма не направеше мал моден гаф. Имено, рабовите на фустанот ѝ биле мокри кога позирала на црвениот тепих.
Некаде на патот од автомобилот до влезот во хотелот „Мандарин ориентал“ каде што се одржуваше церемонијата, актерката го намокрила фустанот на дождливите лондонски улици.
„Жал ми е за прекрасниот фустан, каде беа нејзините асистенти за да го кренат малку фустанот и да го држат ако таа од која било причина не можеше да го направи тоа“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.