Жан-Мари Ле Пен предложи смртната казна да биде вратена во Франција за терористи и да се спроведуваат преку обезглавувањето, пренесе АФП.

На прес-конференцијата тој се изјасни уште за отстранување на двојното државјанство и автоматското стекнување на државјанство при раѓање на француска територија, како и за протерување на илегалните имигранти. 87-годишниот историски лидер на Националниот фронт (НП) го аргументира своето барање за смртна казна објаснувајќи дека џихад групата “Исламска држава” исто ги убива со обезглавување своите заложници.
Марион Мариса Ле Пен – 25-годишната внука на основачот на НП, која е најмладиот пратеник во Националното собрание – од своја страна изјави дека муслиманите не можат да бидат од рангот на католицизмот во Франција. Треба да одредиме што е нашето наследство и идентитет, повика таа во интервјуто за екстремно десничарските весник.
Внука на лидерката на НП Марин Ле Пен се огласи за афирмација на грчко-римското и христијанското наследство на земјата. “Треба да кажеме дека Франција е една културно и долго време духовно христијанска земја”, истакна најмладата француска пратеничка. Таа допушти можноста муслиманите да ја исповедаат својата вера во земјата, но ако се прифати дека ѕоа го прават на една земја, која е културно христијанска. По неколку успешни избори, НП може да се здобијат со контрола над неколку области во Франција на локалните избори во почетокот на декември – помалку од еден месец по нападите во Париз на 13 ноември, во кои беа убиени 130 лица. Ова гласање ќе биде последен тест пред претседателските избори во 2017 година