Жан Митрев: Не ги забораваме и болните од друга патологија

од Andreja Salpe

По успешната трансплантација на срце од починатиот донор, со свое обраќање излезе и д-р Жан Митрев, кој бил дел од лекарскиот тим кој ја изврши трансплантација.

„Се укажа прилика да се направи трансплантација. Јас и мојот тим пристапивме кон оваа акција, успешно се заврши. Помина се во најдобар ред, активно учествуваа д-р Христов, директно во трансплантацијата и д-р Јовев, јас бев во улога на асистент, и сето тоа помина во најдобар ред. Во оваа тешка година во која сме соочени со страшна пандемија, и се бориме со најтешко болни пациенти, и не ги забораваме болните од друга патологија. Продолжуваме и понатаму и се надевам дека многу други кои чекаат на листа, ќе добијат ваква шанса“, рече Митрев.

Слични содржини