Аргентина одамна има претензии над Фокландските Острови, наречени кај нив Малвински
Федералниот суд на Аргентина реши да биде конфискуван имотот на пет големи нафтени компании, кои вршат студии крај Фолкландските острови, пренесе ББЦ во неделата.
Судијата Лилиан Хераес од судот во Тиери дел Фуего наредила да се конфускува опрема од 156 милиони долари поради тоа што извршените од петте студии на компаниите на островите спаѓаат во територијалните води на Аргентина и ја загрозуваат животната средина.
Компаниите, против кои се преземени мерките се САД “Нобл енерџи” (Noble Energy Inc), со седиште во Италија, но француска сопственост – “Едисон Интернешнл СПА” (Edison International Spa), и распоредените во Велика Британија “Премиер оил ПЛС (Premier Oil Plc), “Рокхопър Експлорејшн ПЛС” (Rockhopper Exploration Plc) и “Фолкленд оил енд Гас” (Falkland Oil and Gas Ltd).
Судијата смета дека е потребно да санкционира и друг имот на петте компании, лоциран зад граница.
Тие почнаа да вршат истражувања за нафта и гас крај Фокландските Острови во 2010 година, независно од негативната позиција на Буенос Аирес.
Фолкландските острови, наречени уште Малвински, се предмет на територијален конфлект меѓу Британија и Аргентина и дури во 1982 година за нив се водеше војна меѓу двете држави. Тогаш Лондон ја задржа контролата над островите, но наоѓање на нафтени резерви на нивна територија го влоши спорот.
Во 2013 година на архипелагот се одржи референдум на кој жителите предпочетаа да останат под протекторат на Албион. Без оглед на исходот аргентинскиот претседател Кристина де Киршнер смета дека одбивањето да се преговара за иднината на островите “се граничи со глупост”.
