Ждрепка за Мундијалот во Катар: Шпанија против Германија, Бразил на Србија и Швајцарија

од Nikola Popovski

Ждрепката во Катар ги одреди групите за Светското првенство кое во оваа азиска земја ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

Нашиот северен сосед Србија ќе ги одмери силите со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Групната фаза ќе донесе и неколку големи дербија.

Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Шпанија и Германија во групата Е, а ќе има жестоки пресметки меѓу двете англосаксонски репрезентации – Англија и САД во групата Б.

Аргентинците ќе играат против Полска.

Португалската репрезентација која ја победи македонската во финалето од баражот, ќе се сретне со Гана, Уругвај и Јужна Кореја.

Слични содржини