Железната ограда пред Владата е најголемиот симбол на стравот на Груевски

од Vladimir Zorba
120 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение  неуспешно се обидува да го брани очигледниот страв на Никола Груевски.

sdsm1

Да имаше барем нешто вистина во она што го тврди ВМРО-ДПМНЕ, дека железната ограда пред зградата на Владата наводно не бил најголемиот симбол на стравот на Никола Груевски, тие самите, јавно ќе побара оградата да биде извадена.

Фатен во лагите, криминалот и злоупотребите коишто ги правел изминатите девет и пол години, нема ограда што може да го спаси Никола Груевски.

Режимот на Никола Груевски ќе падне заедно со сите огради и ѕидови коишто ги создаде, и коишто ги делат, ги дискриминираат, ги омаловажуваат, ги навредуваат и осиромашуваат граѓаните.