Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ направија промоција на дуетската песна која го носи името „Знам“.
Песната ја напиша поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил, кој е и композитор, со кој пејачката остана во добри односи, а тој и неговата сопруга денеска присуствуваа на конференцијата, пишува „Нова.рс“.
Регионалната ѕвезда Калиопи во изјава за медиумите откри дека во кариерата не снимила многу дуети бидејќи верува дека вака се дели душата со некого, но кога ја слушнала песната „Знам“ веднаш се согласила да соработува со Самарџиќ.
Жељко во изјава за медиумите откри дека се запознале кога таа имала 16 години, а дека оваа песна му разбудила посебни емоции.
„Прекрасно е да се соработува со Калиопи, многу ја сакам и мило ми е што имаме дуетска песна. Ми се допаднаа текстот и мелодијата на првото слушање. Калиопи е многу добра пејачка и има голем опсег во гласот, а јас морам да ја смирам бидејќи песната е многу нежна“.
На прашањето до пејачот дали некогаш излегол од својата комфорна зона заради повисока цел, тој одговорил:
„Во животот секогаш се однесувам онака како што чувствувам дека треба, ме води разумот и срцето“.