Жена (44) прегазена на тротоар во Охрид им подлегна на повредите

од Vladimir Zorba
587 прегледи

Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид.

Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички.

Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голфот“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда, изгубил контрола и завршил на пешачката зона, притоа удирајќи во две лица.

Тешко повредената 44-годишната охриѓанка им подлегната на повредите, додека нејзиниот сопруг после примената медицинска помош со телесни повреди своеволно ја напуштил болницата.

Причините за околностите што довеле до несреќата ќе ги утврди истрагата.

Слични содржини