Пакистанската полиција покрена истрага против неколку стотици непознати мажи откако една млада жена била сексуално злоупотребена од толпа од повеќе од 400 мажи во парк во Лахоре, додека снимала видео за Тикток, објави „Гардијан“.
Шокантниот напад е забележан на неколку видеа кои станаа вирални и покажуваат како толпа напаѓа жена додека таа бил во паркот Голем Икбал во Лахоре и снимала видео на Тикток. Среде бел ден, мажите ја зеле жената и ја фрлиле во толпата и ја искинале облеката, ја нападнале и ја допирале.
Жената го пријавила случајот против 300 до 400 неидентификувани лица во полицијата во Лахоре.
– Толпата ме повлече од сите страни до тој степен што ми се искина облеката. Ме фрлаа во воздух. Брутално ме нападнаа – рекла жената во изјава за полицијата. Таа додала дека толпата ѝ го украла и накитот, обетките и мобилниот телефон.
Видеото предизвика бран одвратност и гнев во Пакистан. Државниот министер за информации рече дека веќе има уапсени. Некои сторители се идентификувани.
Според истражувањето на Ројтерс, Пакистан е шеста најопасна земја во светот за жените.