Руската бодибилдерка Владислава Галаган е позната како „Кендал Џенер на бодибилдингот“ и е единствен феномен во светот на фитнесот.
Само на Инстаграм има речиси два милиони следбеници, а поради нејзината фигура ја нарекуваат Халк. Со своето импресивно мускулесто тело „освои“ милиони следбеници.
View this post on Instagram
Родена е во 1997 година во Темрјук, Русија, а денес е една од највлијателните личности во светот на фитнесот на социјалните мрежи.
На почетокот се занимавала со гимнастика, потоа со атлетика и спринт, а на 16-годишна возраст за првпат присуствувала на локален бодибилдинг натпревар.
Импресионирана од атлетските тела на натпреварувачките, одлучила да го следи нивниот пат. По почетниот успех во Русија, се преселила во Прага каде што студирала англиски јазик. Тренира дури шест пати неделно, а нејзините тренинзи траат околу час и половина. Особено внимава на исхраната – јаде пет пати на ден, а претпочита говедско, пилешко, риба и мисирка.
View this post on Instagram
Заработува над 10.000 евра месечно само преку платформата OnlyFans, каде што споделува фитнес-содржини и мотивациони говори. Отворено признава дека користи суплементи, но нагласува дека не постои „магично апче“ за градење мускули. Ја отфрла употребата на фотошоп и додава дека нејзиниот изглед е резултат на супериорна работа и дисциплина.
Исто така, разви свој бренд за облека – „THRST“, како и линија на додатоци во исхраната. Нуди и онлајн обука и персонализирани планови за тренинг.
View this post on Instagram
Некои ја осудуваат и сметаат дека таквата појава е несоодветна за една девојка, но не ѝ е гајле – го живее својот сон, го прави тоа што го сака и токму поради тоа стана инспирација за многумина.
View this post on Instagram