Жена и две деца се удавија во средата, откако брод со најмалку 20 мигранти потона крај брегот на грчкиот остров Лезбос, соопштува Ројтерс.

Image_5047732_126

Според информации од грчката крајбрежна стража, хеликоптер на европската агенција за гранична контрола Frontex забележал превртен брод, а локални нуркачи помогнаа да бидат откриени телата на жената и двете деца. Националноста на загинатите не е специфицирана.

Други 21 лица од истиот брод биле спасени порано вчера од турската крајбрежна стража. Сеуште не се познати и околностите околу инцидентот.

Слични содржини