Откако 57-годишна жена почина само неколку часа по примањето на вкацината АстраЗенека, Бугарија времено ја прекинува имунизацијата со оваа вакцина. Станува збор за превентивна мерки, додека не се открие точната причина за смртта.
Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов појаснува дека жената била имала претходни болести на срцето. Но, кај неа не се појавила тромб каков што беше случајот со смртните случаи во Австрија, пишува Бгнес.
-Фателен исход за 57-годишна жена кој се случил во неговиот дом, изутрината во 03:00 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се прибрала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.
Министерот за здравство Ангелов рече дека немаат никакви грижи за лицата кои веќе биле вакцинирани со Астра Зенека.Нека бидат мирни оние што веќе биле вакцинирани, апелираше тој. Оние што се веќе регистрирани во електронскиот систем ќе бидат официјално презакажани.
Додека има проблем со Астра Зенека, работата на електронскиот регистар за одржување состанок е запрена, додаде министерот.
Денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов нареди привремено да се прекине вакцинацијата на населението со вакцината АстраЗенека.
„Додека не добиеме писмено известување од Европската агенција за лекови со јасна инструкција за тоа дали е безбедно да се вакцинираме со вакцината АстраЗенека или не – престанете со вакцинирањето“, рече премиерот, обраќајќи им се на колегите за време на работниот состанок.