Две девојчиња близначки имаат различни татковци. За интересниот случај пишува New York Post.
91
Уникатниот случај бил разјаснет благодарение на ДНК анализа за време на тест за утврдување на татковство. Девојките со иницијали A.M. и B.M. се родени во 2013 година. Мајката поднела тужба против наводниот татко на децата за плаќање на алиментација. Во текот на судењето беше побарана ДНК експертиза.
Резултатот покажал категорично дека мажот е татко, но само на едното дете. Жената ја сокрила информацијата дека во периодот кога биле зачнати девојките имала контакт и со друг маж.Така судот пресуди таткото да плаќа 28 долари неделно на едното дете. Идентитетот на другиот татко не е утврден.