Жена со автомобил влетала во супермаркет: „Ми се заглави педалата за гас“

од Stefanija Kuzmanovska

Службите за итни случаи во Јужна Каролина неодамна морале да одговорат на прилично бизарен инцидент во кој автомобил влетал во големата продавница Dollar Tree.Станува збор за автомобил марка Ford Mustang.

Несреќата се случила вечерта на 12 јуни. Жената која возела им кажал на полицајците во Вилијамстон дека возела во рикверц на паркингот кога ѝ се заглавил педалата за гас.

Сликите споделени од пожарникари, како и од разни други корисници на социјалните мрежи, покажуваат темно сив кабриолет Mustang кој ги пробил стаклените врати на продавницата и срушил голем број полици. Тешко е да се одреди колкава е штетата на автомобилот, но тоа треба да биде најмала грижа на сопственичката.

Во несреќата нема повредени.

Слични содржини