Жена тврди дека била силувана во парламентот на Австралија: Премиерот ѝ се извини и нареди истрага! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон денес ѝ се извини на жена која тврди дека била силувана во парламентот пред две години.

Миорисон се извини за начинот на кој во тоа време се постапило со нејзината тужба и нареди истрага за културата на работното опкружување во државните институции.

Бритни Хигинс во понеделникот за Интернет порталот Канал 10 изјави дека била силувана во канцеларијата на актуелната министерка за одбрана Линда Рејнолдс во март 2019 година од неименуван колега, кој исто така работел за владејачката Либерална партија на Морисон.

Таа рече дека разговарала со полицијата на почетокот на април истата година, но дека решила да не поднесе официјална тужба поради загриженост дека тоа ќе ѝ наштети на нејзината кариера.

Жената изјавила дека се плаши дека ќе ја изгуби работата по инцидентот во 2019 година и дека немала многу поддршка од шефовите, пренесува Би-Би-Си.

Полициска истрага за нејзините наводи сега е повторно отворена.

„Се надевам дека повикот на Бритни Хигинс е повик за будење за сите нас“, изјави денеска Морисон пред новинарите.

https://www.youtube.com/watch?v=nyjkjeoO2o4&feature=emb_logo

Слични содржини