”Жената да си го знае местото”

од desk3
88 прегледи

 

Бруталната свест за супериорност над жената што го видовме во текот на сексуалните испади во Келн, се воспитува кај многу од муслиманските момчиња уште од раното детство, тврди Нала Сипар за DW.

0,,18236441_303,00

“Излези од собата”, ми вели имамот малку пред да ја венча мојата пријателка за идниот нејзин сопруг по каноните на исламското право. Ние чекаме го кумот кој сигурно е вовлечен во сообраќаен метеж низ улиците на Истанбул. И бидејќи имамот морал да брзза за следните венчавки, морале брзо да најдат замена. На моето прашање дали не можам да бидам кума на девојка, имамот ми одговори со зол поглед. На крајот кум станува 18-годишниот син на еден сосед, кој не ја познава ниту невестата ниту идниот нејзин сопруг. Но, тоа очигледно не играат никаква улога – најважно е сведокот на склучениот брак да е од машки пол. Неговата збор тежи, мојор – не.

Апсурдно ли е? Целосно во редот на нештата!

Занемарувањето што го доживеав, ги придружува жените во Турција уште од раното детство. Додека обрежувањето на момчињата се слави свечено како прв чекор кон машкоста, девојките добиваат при првиот менструален циклус само по една ритуална шлаканица од своите мајки. Пораката гласи: “Од денес стануваш жена и веќе треба да го знаеш местото!” Вообичаено е да се верува дека кој не воспитал ќерка навреме, потоа сам ќе пати.

Тоа е еден презирен однос кон жените во исламските општества и е во целосна спротивност со прокламираното во Универзалната декларација за човекови права, туку и во германскиот устав, рамноправност меѓу половите. Бидејќи жените во исламскиот свет се должни да го почитуваат животот – прво на своите татковци, потоа на своите сопрузи, како и на целото општество. Додека жените се дефинираат од општеството како “слаби” и “потчинети”, момците од рана возраст се воспитуваат со свеста за супериорност и сила.

Европа има два месеци да го спаси Шенген

Токму тоа ги охрабрува многу мажи да се однесуваат кон жените крајно на неселективен начин. Токму свеста за супериорност и власт над жените е на дното на сексуалните напади извршени во Келн. Во случајот нема никакво значење од кои земји потекнуваат овие мажи, колку долго живееле во Германија и дали имаат бегалски статус или не. Ако сакаме да ги искорениме вистинските причини за злото, важно е да се обрне внимание на ваквите ставови и на сродните искривени претстави за улогата на мажот и жената во општеството.

Жените имаат право на глас

Најдобро запознаени со овој проблем се оние жени во исламскиот свет, кои не сакаат да се помират со улогите што им се доделени од општеството у. Овие жени често и сами доживеале насилства како оние во Келн – пример на плоштадот Таксим во Истанбул, на плоштадот Тахрир во Каиро, а и на многу други места. Тоа се жени кои не се согласуваат да молчат.

Се разбира, тука не станува збор за тоа да ги поставуваме под заеднички именител сите придојдени од исламските земји. Луѓето кои бегаат од војни, и претежно семејствата со деца и жени, несомнено заслужуваат поддршка и солидарност, бидејќи тие не носат никаква вина. Наш човечки долг е да им помогнеме!

Да се ​​соочиме јасно

Проблемите сепак не треба да се премолчуваат. При овој неверојатен распон на миграциските текови, нема и каде да пронајдете совети. Не е редно сепак да гледаме на проблемите симплистички и да гледаме само во црни и бели бои. Настаните од новогодишната ноќ во Келн покажуваат дека сме должни да зборуваме за проблемите отворено, без да се обвинуваме меѓусебно во исламофобија или расизам. Тоа е крајно неопходно ако сакаме да ги зачуваме прогресивните традиции на просветителството, на кои секојдневно се насладуваме во Европа.