Холивуд е во шок откако актерот Алек Болдвин (68) ја уби снимателката Халина Хачинс (42) од пиштол на снимањето на „Рѓа“ и го рани режисерот Џоел Соуза (48).
Имено, тој пукал од филмски пиштол кој бил реквизит на филмот, соопшти полицијата.
Иако Хачинс брзо била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, таму била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар Крист Сент Винсент.
Инаку, Хачинс е родена во Украина и пораснала во советска воена база, а по дипломирањето во 2015 година на Конзерваториумот АФИ, работела на неколку успешни филмови. Пред две години, американското списание за кино ја нарече „ѕвезда во подем“.
Пред да се пресели во САД, Хачинс ги завршила студиите по новинарство во Киев и извесно време работела како истражувачка новинарка за британските медиуми. Нејзината веб-страница наведува дека има работено на филмови како Archenemy, Blindfire, Darlin ‘…
„Толку сум тажен поради загубата на Халина. И толку бесен што се случи на снимањето. Таа беше голем талент кој беше апсолутно посветен на уметноста и филмот“, напиша режисерот Адам Мортимер на Твитер.
„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Рѓа“. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал истрел од реквизит“, соопшти полицијата.
Филмскиот сет веднаш бил затворен и истрагата е во тек.
Според странските медиумите, Болдвин доброволно дал изјава и потоа си заминал.