Жената која ги обвини Џеј Зи и Пи Диди за сексуален напад, призна дека има недоследности

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Една жена која ги обвини американските рапери Џеј Зи и Шон „Пи Диди“ Комбс дека сексуално ја нападнале во 2000 година кога имала 13 години, признала дека има недоследности во нејзините тврдења.

Нејзиниот адвокат, Тони Базби, изјави за NBC дека тој продолжува да ги истражува тврдењата на неговиот клиент.

Џеј Зи рекол дека нивните изјави потврдуваат дека лажно го обвиниле за да стекнат пари и слава, објави „Гардијан“.

„Овој инцидент не се случи, а сепак адвокатот поднесе тужба и ја „напумпа“ во печатот“, рече Џеј Зи.

Адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро, побара случајот против раперот да биде отфрлен.

Тужбата на Базби против Џеј Зи и Комбс е дел од серијата тужби поднесени против нив со наводи за сексуален напад.

Слични содржини