Жената која избоде три лица во Софија: Со чиста совест бодев луѓе, бев подготвена да ги убијам

од Milan1
56 прегледи

Градскиот суд во Софија нареди жената која избоде тројца мажи во бугарскиот главен град да биде испратена во психијатриската клиника во затворот Ловеч. – Таму треба да се направат прецизни испитувања на нејзината психичка состојба, бидејќи има докази дека Надежда Кондева боледува од параноична шизофренија, ја пренесуваат бугарските медиуми одлуката на судот.

Во рок од 30 дена треба да стане јасно дали младата жена ќе одговара законски за нападот со нож на булеварот „Витоша“.

„Со чиста совест бодев луѓе, бев подготвена да ги убијам. Нападот го извршив намерно. Ако ме ослободат, ова ќе се повтори. Сакам доживотна затворска казна“, изјави во судницата Надежда Кондева.

Младата жена избоде неколку лица со нож на булеварот Витоша во главниот град.

Според првичните прегледи, Кондева е во тешка психотична состојба, дезориентирана и склона кон агресија, а престанала да ги зема и лековите.

Слични содржини