467
Фотографите во Лос Анџелес фатија несекојдневна глетка за време на борбата со пандемијата од коронавирусот.
Имено, 66-годишниот актер Реј Лиот, најпознат по улогата во филмот Goodfellas, бил виден како вежба со личен тренер пред теретана во ЛА.
Реј кревал тегови, а на лицето му се гледало дека му е навистина напорно, додека тренерот му давал совети за да му помогне. Освен по улогите во филмовите, многумина ќе го помнат Лиот како актерот кој го уништи своето лице со претерани козметички зафати.
Иако, тој остро негирал дека користел ботокс, многу експерти тврдат дека е очигледна желбата да изгледа младо, па навистина претерал со корекциите.