Дами, ако вашиот сопруг не се сеќава дека му беше кажано да купи млеко после работа или ви го пропушти роденденот, тоа може да не е по негова вина.
Истражувањата покажуваат дека мажите потешко паметат што да направат, отколку жените. Тоа не значи дека не ве слушаат кога зборувате, туку едноставно забораваат што сте рекле.
Британските и италијански истражувачи не се сигурни зошто жените се толку добри во помнењето, но една од хипотезите е флексибилноста да прават неколку работи истовремено, жонглирајќи меѓу домот и канцеларијата.
Во истражувањето учествувале 100 мажи и жени, кои поминале низ серија на тестови за меморијата, но не сеќавајќи се на минатите факти и настани, туку можноста да се сетат што треба да направат во иднина.
Разликите меѓу половите се доста интересни. Пример жените се добри во тоа да ги организираат идните задачи, на пример какви обврски имаат за утрешниот ден, но не и за одреденото време. Жената е онаа која нема да заборави да купи млеко после работа или да врати книга позајмена одпријател.
Разликата меѓу половите може да се должи на разлики во хормоните или структурата на мозокот.