Откако настапи на Евровизија, тој стана еден од најпосакуваните мажи во светот. За само неколку часа тој собра повеќе од милион лајкови на фотографијата.
„Што јадеш што си толку убав“, „Сладок си, ожени се за мене“, „Те сакам“, „Најзгодниот човек на светот“, напишаа неговите обожаватели.

Дамијано има необичен стил. Тој обожава шминка, лакирани нокти, потпетици и обетки. Затоа стана главна атракција на најпознатото музичко натпреварување во Европа.
Да потсетиме, по победата на Евровизија, тој откри дека е во врска со инфлуенсерот и моделот Џорџо Солери четири години. Претходно во интервјуата тој рече дека сака убави девојки и дека нема некој тип на жени што ги сака.
– Ја сметам секоја жена за убава. Сакам многу слаби девојки со мали гради, но сакам и девојки со изразени облини и големи гради. Го сакам женското тело со сè на свое место и без претерување – рече тој.