Австралиската полиција објави потерница на Фејсбук, а судејќи според коментарите на жените, тие ќе го одведат посакуваното лице на состанок наместо да го пријават во полиција.
Полицијата побара помош за пронаоѓање на 28-годишниот Џес Мабилија, кој се бара за кршење на судските наредби.
„Мабилија е висок приближно 185 см, со средна градба, со сини очи и темна коса“, стои во описот.
Дека таквиот човек е исклучително баран и од други причини, би можело да се заклучи од коментарите на жените на неговата фотографија.
„Се надевам дека ќе го најдам на Тиндер пред полицијата“, коментира еден корисник на Фејсбук. Друга го „обвинила“ за „крадење на срцата на самохраните мајки“, додека трета му понудила засолниште…
И во таа насока, има повеќе од седум илјади коментари на фотографијата на момчето од потерницата. Дури и мажите се прашуваат дали тоа е потерница или реклама за Келвин Клајн. Медиумите, секако, го споредуваат со Џереми Микс, чија фотографија од потерницата ги предизвика истите реакции пред неколку години и го направи толку популарен што по излегувањето од затвор, тој чекаше договор со агенцијата за таленти „White Cross Management“.
#blue pic.twitter.com/CPt8zNDV5G
— JEREMY MEEKS (@JMEEKSOFFICIAL) October 1, 2016
И Џес Мабилија ужива и во славата и се фали со самиот себе на својот профил на Фејсбук, можеби веќе се надева на сличен ангажман, но единствено прашање е дали полицијата ќе го најде прва или лудите жени.