Жените признаа: Односот со ист партнер може да стане досаден

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

Резултатите од студија спроведена од научници од Универзитетот во Саутемптон покажаа дека сексуалната желба на мажите е во просек иста во текот на целата врска, a дека жените го губат интересот за секс со истиот партнер по 12 месеци врска.

Во истражувањето учествувале 4.839 мажи и 6.669 жени, на возраст од 16 до 74 години. Третина од жените, 34 проценти, откриле дека по една година не биле премногу заинтересирани за секс со истиот партнер, а сличен одговор дале само 15 проценти од мажите.

Жените со деца на возраст под пет години имале најмалку желба за секс.

– Тоа може да биде последица на замор затоа што факт е дека секојдневниот стрес влијае на сексуалното функционирање на жената – објасниле авторите на студијата.

Како причини за губење на волјата за секс, многумина, покрај родителството, го наведоа недостатокот на емоционална врска, слаба комуникација и слабо психолошко и физичко здравје.

– Нашите откритија се обидуваат да дадат одговори на прашањето зошто жените губат интерес за секс во долга врска. За жените, квалитетот и должината на врската, како и комуникацијата со партнерот, се клучни за сексуалниот интерес – наведоа авторите на студијата.

Терапевтот Аманда Мејџор вели дека губење интерес за секс е нормална појава, бидејќи има многу причини зошто се менуваат потребите на жените и мажите.

– За некои е природно, а за некои предизвикува страдање и тага – рече таа.

Истражувањата исто така покажаа дека жените губат најголем интерес за секс на возраст од 55 до 64 години, а мажите на возраст од 35 до 44 години. Научниците истакнуваат дека губењето волја за секс нема никаква врска со менопаузата, иако тоа се случило кај жени кои припаѓаат на таа возрасна група.

Слични содржини