“Женската револуција”: Најмалку 41 лице, меѓу кои и деца, загинаа во Иран

од Берта Китинска
142 прегледи

Во бранот протести што го зафати Иран по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини, досега загинаа најмалку 41 лице, јави денеска државната телевизија.

Протести по нејзината смрт избија во повеќето од 31 провинција во Иран, објави Ројтерс.

Државните медиуми го признаа зголемувањето на официјалниот број на загинати на 17 – вклучително и петмина безбедносни службеници, објави Тајмс оф Израел

Сепак, Иранската организација за човекови права со седиште во Осло проценува дека најмалку 50 дисиденти се убиени во тековните протести, додека Амнести интернешнал го осуди „болниот модел на иранските безбедносни сили намерно и незаконски да пукаат со боева муниција кон демонстрантите“.

Протестите се проширија преку границата во соседен Ирак во саботата, каде што иранските Курди во егзил, многумина носеа постери на Махса Амини, извикуваа „Жени, живот, слобода“ на демонстрациите пред базата на Обединетите нации во северниот град Ербил.

– Ние не сме против религијата и не сме против исламот“, рече демонстрантот Мејсон Маџиди. – Сакаме религијата да се одвои од политиката.

Слични содржини