Францускиот актер Жерар Депардје е обвинет дека го удрил познатиот италијански папарацо Рино Барилари пред еден бар во Рим. Според тврдењата, Депардје го удрил Барилари три пати, по што папарацото паднал и бил хоспитализиран. Судскиот процес ќе започне на 17 јуни. Сè се случило кога 80-годишниот Барилари дошол во барот „Харис“ по дојава дека Депардје вечерува таму со својата пријателка Магда Ваврушова.
Барилари рече дека Ваврушова прво се доближила до него, а потоа актерот го нападнал. Папарацото тврди и дека Депардје му покажал среден прст, фрлил мраз кон него и почнал да ги навредува Италијанците. Но, Депардје негира дека го нападнал Барилари. Тој вели дека всушност Барилари прв го турнал, а адвокатот на Ваврушова додава дека Барилари силно ја турнал неговата клиентка и дека Депардје само паднал и се лизнал.
Рино Барилари е познат по своите фотографии на славни личности и долгогодишна кариера во која често се маскирал за да ги фотографира ѕвездите, како принцезата Маргарет и Џеки Кенеди. Барилари изјави дека може да му прости на Депардје за ударите, но не и за навредите кон Италијанците. Инаку, ова не е првпат Депардје да има проблеми со законот — неодамна во Париз доби условна казна затвор за сексуален напад врз две жени.