303
Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска прими копии од акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Куба и Египет, Каридад Јамира Кието Милиан и Халид Ибрахим Емара со седиште во Софија.
Жерновски, како што соопштија од неговиот Кабинет, изразил очекување дека пријателските односи меѓу државите ќе продолжат да се развиваат со засилена и продлабочена динамика во сите области од взаемен интерес.
На средбите биле разменети и мислења околу надворешно-политичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување. Станало збор и за соработката на мултилатерален план, како и за потребата од регулирање на договорната состојба во области каде има интерес за продлабочување на соработката, особено на економски план.