Жерновски: Груевски сака да ја затвори Катица, пред таа да го затвори него

од desk4
113 прегледи

На својот Фејсбук профил, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е подготвен на се, само за да се спаси од фер судење, поради кривичните пријави кои деновиве пристигнуваат на адреса на Специјалното јавно обвинителство.

Andrej-Zernovski-639x320-540x270

Груевски сака да ја затвори Катица-пред таа да го затвори него!

Kлоците за Катица Јанева, кои ги најави Груевски во говорот пред своите сопартијки, биле само увертира во неговата вистинска цел- да ја затвори Јанева, пред таа да го затвори него. Заминатиот премиер, кои докажа дека е спремен на се’, само да ја избегне правдата, ќе остане во историјата познат по својата „контра“ стратегија. Ќе го паметиме по контра протести, контра медиуми, контра невладини организации, контра митинзи. Но, ова што во моментов му се приредува на специјалното јавно обвинителство, е за неверување.

Додека СЈО ги привршува подготовките за кривичните пријави против екс премиерот и неговите соработници, обвинителството, под контрола на Груевски, поднесува контра кривични пријави за тимот на Јанева. Специјaлните обвинители, кои практично се избрани поради политизираноста на редовните, сега се гонат кривично од Груевски!

Прашањето кое мене ми се наметнува е следното: На што се’ е спремен Груевски за да се спаси од фер судење? Дали ваквите потези најавуваат целосно делигитимирање и „отстранување“ на Јанева во претстојниот период?

Апелирам до меѓународната заедница, која е гарант на спроведувањето и имплементирањето на договорот од Пржино, активно да се вклучи и да обезбеди минимум нормални услови за работа на СЈО, кое трпи страшни притисоци. Да се потсетиме дека фер судење и правна разрешница на скандалите од бомбите, се клучен дел од пржинскиот договор.

Уште еднаш сакам да ја изразам целосната поддршка на Катица Јанева и нејзиниот тим. Неопходно е тие да ја завршат својата работа, бидејќи правна разрешница мора да има. Само така, и никако поинаку, нашата држава ќе може да излезе од оваа криза.