Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во синоќешното гостување на „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека и втората контрола покажала дека балконот од зградата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје е нелегален и наскоро ќе се донесе одлука за негово уривање.
“Ако е законски тогаш е се во ред, ако не е законски, тогаш ние ќе интервенираме. Тоа не е настрешница, тоа е балкон. Прашање на време е кога ќе се издаде решението за уривање, по што, се надевам, со асистенција на полицијата тоа ќе го сториме”= рече Жерновски.
