Жерновски: Продадено атрактивно земјиште во Центар по ниски цени

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски денеска обвини дека државата продава атрактивно земјиште во оваа општина по многу ниски цени, а Министерството за транспорт веќе една година не одговара на барањето Центар да управува со градежното неизградено земјиште.

Според Жерновски, државата ја продала парцелата меѓу арената Филип Втори и Паркот на Франкофонијата во Градскиот парк, за кое почетната цена била 40 евра за метар квадратен, а во наддавањето е зголемена за, како што рече, само 220 денари.

– Продавање атрактивна земја за 40 евра е криминогено и безмилосно раскрчмување на атрактивно земјиште, рече Жерновски и дополни дека на скопското Кале е огласено земјиште за продажба со почетна цена од 100 евра за метар квадратен, за изградба на објект во барокен или нео-класицистички стил./МИА

Слични содржини