“Жешки” руски пари се собираат во В. Британија, но и од светската корупција

од desk3
89 прегледи

Бумот на имотниот пазар во Лондон се храни од валкани пари.

За помалку од една деценија речиси 100 милијарди фунти “скриен” капитал се влеал во Велика Британија, а значаен дел од овие пари се испрани од руски инвеститори. Ова се тврди во анализа на Дојче банк, кој покренува сериозни прашања како се следи капиталот преку границите, пишува британскиот весник “Тајмс”. Двајца стратешки аналитичари на банката, цитирани од весникот, ја прават врската помеѓу аномалиите во платниот биланс на Велика Британија и вториот круг на капитал од Русија.

21fb14f7344eb0e3e7bde1e360b839e8

Во последните години драматично се крена приливот на “жешки” пари на британските пазари. Главно тоа се пари на Руси кои бараат безбедни засолништа за чување или перење на капитал надвор од Русија, наведуваат аналитичарите од Дојче банк.

Од 2006 година во Велика Британија се префрлени скоро 93 милијарди фунти. Од 2010 година темпото се забрзуваат и се околу 1 милијарда Фунти месечно. Значителен дел од парите се вложени во пазарот на недвижности.

Некои аномалии во базата може да се покажат како технички, но ние откривме корелација помеѓу приливот на пари во Велика Британија и вториот круг на капитал од Русија, вели Оливер Харви, еден од авторите на анализата. Логично е да се заклучи дека значителен дел од овој феномен се должи на нелегална активност, прецизира тој.

Теоретски нарачките за извоз и плаќањата на извозот треба да се противтежа во официјалниот платен биланс. Практично сумите не се совпаѓаат. Тоа значи дека во Велика Британија биле префрлени многу пари, кои не беа следени од канцеларијата на националната статистика.

Освен за Русите, Велика Британија е пожелна дестинација за парите од Грција, Израел, Кина и земјите од Блискиот Исток.

Претходно оваа недела меѓународната организација “Трансперанси интернешенел” соопшти дека речиси 200 милиони фунти, за кои се верува дека се приходи од меѓународна корупција, се потрошени за недвижности во Велика Британија од 2004 година. Посочената сума најверојатно е само врв на ледениот брег, тврди “Трансперанси”, цитиран од Ројтрес.

Организацијата инсистираше Велика Британија да ги заостри правилата за перење пари, и побара информации за сопственоста на холдинг компании регистрирани во офшор зони, ако преку нив се купуваат станбени или комерцијални недвижности.

Има се повеќе докази дека пазарот на недвижности во Велика Британија се претвора во рај за корумпираниот капитал, украден од целиот свет. Ова е олеснето од законите што дозволуваат сопственост во Велика Британија да биде капиталист од тајни офшор компании, изјави Роберт Барингтон, извршен директор на “Трансперанси интернешенел – Велика Британија”.

Британската полиција истражува купувања на имот во вредност од над 180 милиони Фунти во последните десет години, бидејќи има сомневања дека парите се стекнати од корупција, тврди организацијата.

Истражувањето на “Трансперанси” што содржи неоткриени досега внатрешните полициски податоци, покажува дека 75% од овие купувања се извршени од луѓе кои се под истрага за корупција и стекнале сопственост под услови на офшор тајна, за да го скријат својот идентитет.

Според “Трансперанси интернешенел” вистинските размери на проблемот најверојатно се многу поголеми, бидејќи според проценката на ОН само 1 процент од испраните пари може некогаш да биде откриен.

Над 36 000 имотот во Лондон се одржуваат од компании регистрирани во офшор даночни засолништа – 38% од нив на Британските Девствени Острови.

Речиси еден од десет имоти во централниот лондонски регион Вестминстер и 7.3% од недвижностите во Кензингтон и Челзи се во сопственост на компании, регистрирани кај офшор зони.

Лондон стана светски магнет за корумпиран капитал, наведува “Трансперанси”, наведувајќи дека високите цени на имотот таму овозможуваат милиони фунти да бидат испрани одеднаш, а Велика Британија е поволно место за целта поради слободните барања за откривање на сопствениците на имотот.

Приливот на корумпиран кеш ги зголеми просечните цени на имотот на целиот синџир, вклучувајќи надвор од Лондон, според експертите, цитирани во најдобрата досега студија за “рутирање” за перење пари преку недвижиности во централен Лондон, пишува “Инидипент” по повод анализата на “Трансперанси интернешнл”.

Според некои извори, овој тренд ги натерал претприемачите кон изградба на скапи станови и куќи за сметка на станови, достапни за обичните луѓе. Според податоци на полицијата најголемите извори на валкани пари се корупција и даночно затајување, но исто така приходи од дрога, трговија со луѓе и прекршување на санкции.

Британскиот премиер Дејвид Камерон се огласи за глобална битка против перењето пари и избегнување на данокот. Владата предложи нови закони кои бараат јавен регистар на вистинските сопственици на компаниите, регистрирани во Велика Британија. Ова барање не опфаќа офшор компании.