Жестока дебата во турскиот Парламент за предлог-законот за кучиња скитници: Активистите бараат повлекување

од Илинка Илиоска
516 прегледи

Турската парламентарна комисија денеска почна жестока расправа за нацрт-законот со кој ќе се стави под контрола големиот број кучиња скитници, а активистите за заштита на животните стравуваат дека тоа може да доведе до масовно убивање на кучиња.

Предлог-законот беше поднесен од владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, а со оваа мерка се спротивставија на едната страна групите кои се залагаат за поголема безбедност на улиците, додека на другата страна има активисти за правата на животните кои бараат да се повлече предлогот. АП.

Кавга имаше и во парламентот бидејќи претставници на граѓански организации за заштита на животните се пожалија дека не се вклучени во работата на комисијата, јави Би-Би-Си.

Ердоган изјави дека околу четири милиони кучиња шетаат по улиците и руралните области на Турција. Иако голем број на кучиња скитници се питоми, во последно време се повеќе кучиња се движат во глутници и се забележани бројни напади врз луѓе.

Турција се подготвува да ги тргне кучињата од улиците со нов закон

Слични содржини