Нова порција насилство во импровизираниот бегалски камп на грчко-македонската граница.
Немирите почнаа синоќа, кога група од околу 100 мигранти ги нападнале граничните полицајци.Странците турнале железнички вагон, со кој се обидоа да ја пробијат оградата преку границата кон Македонија, пишува грчкото издание Greek Reporter. Бунтот е разбиен од силите на редот со солзавец што провоцирало бегалците да започнат со канонада со камења врз полицијата. Запалени се и неколку шатори. Има повредени мигранти, но се уште не е јасен нивниот број.. Според зборовите на волонтерите во Идомени, инцидентот е најсериозен до овој момент. Веќе со месеци во Идомени кампуваат над 11 000 мигранти, кои продолжуваат да чекаат отворањет на границата.