Што велите за еден секси глобус со кој можете да „патувате“ извесно време? Да, глобусот како украс не е воопшто секси и привлечен, но ако можете едно време да го користите за откривање на местата каде живеат најдобрите љубовници, можеби и ќе ви стане интересен овој предмет.
Ако немате, обавезно набавете еден, заедно со пинови во боја, со кои ќе забележите кои локации се најжешки кога се во прашање најумешните љубовници.
Според истражувањето спроведено на Интернет на 15 000 жени кои редовно патуваат, географската локација дефинитивно влијае на сексуалните вештини на посилниот пол.
Најдобрите љубовници секако се на југ. Ова можеби и не е големо изненадување, бидејќи мачо мажите од Шпанија отсекогаш важеле за најдобри меѓу чаршафите, на плажа, во лифт и на кое било друго место каде што можете да замислите интимно уживање.
На второ место се жешките Бразилци, кои веќе долго време се познати како најдобри во спалната соба. Веднаш по нив се Италијанците, кои се сметаат за особено страсни и во исто време многу нежни. Франција и Ирска се во првите пет, со претставниците од Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Данска и Канада кои се меѓу првите десет.
На сите овие места можете да ставите по еден црвен пин, и да го испланирате следното патување. Можеби до Рио Де Жанеиро?