ЗХГ: Еко-советот мора многу подобро да биде интегриран во процесите на Градот Скопје, доколку сакаме навистина да има позитивни резултати

од Mimi Spasovska
193 прегледи

Еко-советот досега дал неколку предлози до Градот Скопје за решавање на еколошки, сообраќајни и енергетски проблеми. Хендикеп е што тие предлози остануваат на хартија, бидејќи за нивна реализација нема одобрено пари, вели за „Локално“ Горјан Јовановски од незaвисната коалиција Зелен Хуман Град, коментирајќи ги активнистите на ова градско тело во адмнистрцијата на градиначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Не е познато ниту дали предлозите на Еко Советот се предвидени средства во буџетот на градот за 2023 година. Се има впечаток дека улогата на овој совет, иако во него членуваат врвни експерти и активисти, не е јасно дефинирана и не постои добра комуникација со службите во градската администрација. Повремено претставници на Градот ги даваат побараните информации на состаноците на еко-советот, но тоа не е доволно да се искористи знаењето и искуството на членовите. Овој совет мора многу подобро да биде интегриран во процесите на Градот, доколку сакаме навистина да има позитивни резултати“, наведуваат од Зелен Хуман Град.

Горјан Јовановски

Горјан Јовановски

Како што е познато по последните локални избори, дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, станаа дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.

Во врска со соработаката и активностите на Зелен Хуман Град со градските власти, од таму посочуваат дека голем дел од проектите што ги  предложиле преку амандмани на буџетот и ребалансот за 2022 година, биле за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

-Дел од нив беа прифатени, но спроведувањето оди споро, и се надеваме дека ќе се комплетира до крајот на годината, изјави Јовановски.

„Еден проект е за градење на градска мрежа на мониторинг станици, бидејќи цели општини како Шуто Оризари и Сарај немаат ни една мерна станица, Друг проект е поставување на првата градска компостара за био-отпад која  зафаќа и до 60% од отпадот на депониите“, посочи тој.

Коментиарјки ги активностит на Градот за намалување на загадувањето од незвисната коалиција посочуваат дека најголем дел од преземените активности се околу доделување субвенции за инвертер клими и велосипеди, но дека од граѓани слушаат дека процесите уште течат и не се комплетирани.

„За жал, секторите како Инспекторатот, немаат голем капацитет на вработени инспектори за да може константно да се на терен и да реагираат на пријавите на граѓаните за горење на отпад и останати материјали. Мора да имаме многу поголем инспекциски надзор, со поголеми ингеренции, за да ги спречиме сите оние кои решаваат да го загадуваат градот. Понатаму, функционален јавен превоз, функционални и безбедни вело патеки се неопходни ако сакаме да ги откажеме граѓаните од автомобилите. И финално, новиот ГУП кој е во изработка МОРА да биде направен за да го заштити животот и зеленилото во градот, а не во корист на инвеститорите. За ова, треба да биде вклучена јавноста, експертите и граѓанските организации во неговото креирање, ако сакаме да имаме шанса за чист воздух во наредните 10 години“, велат од ЗХГ.

М.С.М.

Слични содржини