Жичницата на Водно не работи поради силниот ветер

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден.

„Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Слични содржини