Жител на Приштина голтнал стар модел на „Нокиа“, го оперирале после 4 дена (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Триесет и тригодишен маж од Приштина проголтал мобилен телефон, стар модел на „Нокиа“, од засега непознати причини, а уредот моралe да го извадат од стомакот лекарите на Клиниката за гастроентерологија во Приштина по 4 дена.

Докторот Скендер Тељаку на својот Фејсбук профил објави дека неговиот тим успеал да го извади телефонот без да му го пресече стомакот и дека „Нокиата“ била поделена на три дела, со цел да биде извлечена.

Лекарот не ја наведе причината зошто 33-годишникот го голтнал телефонот, но посочил дека операцијата е успешна и дека пациентот се опоравува.

Слични содржини