2,8K
Во Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад извршен од мечка врз овци во Гостиварско.
„Вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар)“, соопшти ЦУК.
Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци.
Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен.
По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС Гостивар. По утврдувањето на состојбата на терен ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и Општина Гостивар, информираат од ЦУК.