Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.
-За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош.Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило, велат од ЦУК.