Жители од калифатот на “Исламска држава” раскажуваат како се „живее“ со џихадистите

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Се почесто луѓето им плаќаат на шверцери, за да ги превезат во соседните земји

џихаду“Исламска држава” им вети на муслиманите, кои стануваат дел од калифатот висока плата и безбедност. Сепак  жители на Сирија и Турција бегаат од контролираните од терористите територии.Како што јавува  телевизискиот канал “Ѕвезда”, повикувајќи се The New York Times, жителите од освојуваните  од ИД територии забележуваат морално и социјално распаѓање меѓу екстремистите.

Се почесто луѓето им плаќаат на шверцерите, за да ги превезат преку контролните пунктови во соседните земји. “Многу луѓе бегаат.” Исламска држава “сака да изгради ново општество, но тоа неминовно ќе пропадне”, раскажува една  учителка од градот Дејр-ал Зур, побегнала минатиот месец во Турција. Кога во градот било затворено владиното училиште.Жената обучувала  деца со сопствени сили, додека не се појавиле џихадисти. Веднаш ја натерале да  се забули да го покрие  целото тело со  црна облека и и забраниле да им предава на учениците музика и цртање. Некое време се обидувала сепак да ги обучува, но се откажала кога егзекутирале неколку други наставници.

Поради  недостиг на професионалци, терориститеги  принудуваат  локалните жители да вршат работа за која немаат искуство. На пример, во една од контролираните од ИД градови медицински услуги врши поранешен ѕидар, а во детското одделение пак е даночен инспектор. Во Ракот  морало да биде затворена Националниот болница откако повеќето од лекарите избегале. А забраната мажите да лекуваат жени ги остави жителките  на целиот град без медицинска помош. Затоа џихадисти натерале акушерка  да биде лекар и да ги извршува своите должности на специјалист интернист.