ЖИТЕЛИ ВО ГЕРМАНИЈА ОТКРИВААТ: Дали се задоволни од финансиите, дали ги кратат трошоците, од што се откажуваат…

од Vladimir Zorba
18 прегледи

На потрошувачите во Германија финансиски им оди добро според сопствената проценка. И покрај тоа, тие одлучуваат да ги трошат парите многу претпазливо, покажа истражувањето на Институтот YouGov.

Имено, 70 отсто од испитаниците изјавиле дека цените ги принудуваат да ги намалат планираните трошоци или дури да се откажат од нив. Во февруарското издание на истражувањето тој удел бил 67 отсто.

Најчесто се откажуваат од одење во ресторани и годишни одмори – првите 32 отсто, а вторите 20 отсто, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Расположението е такво и покрај оптимистичката проценка на сопствената финансиска состојба. Сега 67 отсто од граѓаните својата финансиска состојба ја оценуваат како добра, наспроти 63 отсто во февруари.

Оптимизмот е особено распространет кај луѓето на возраст од 18 до 29 години. Уделот на оние кои се задоволни од своите финансиски можности од февруари скокна за 13 отсто, на 74.

YouGov анкетираше 3.160 возрасни лица на возраст до 79 години за истражување нарачано од Teambank AG во јуни и јули за лична ликвидност и навики за трошење.

Слични содржини