Жителите на Автокоманда даваат поддршка за Зонско паркирање

од Берта Китинска
243 прегледи

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук ги објави резултатите од теренската анкета:

„Жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на Зонско паркирање.

Изминатиот период од страна на општина Гази Баба се реализираше теренска анкета за испитување на јавното мислење на жителите на населба Автокоманда за воведување на зонско паркирање.

За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на зонско паркирање.

Резултатите од анкетата се:

951 испитано домаќинство

632 се изјасниле ЗА

266 се изјасниле ПРОТИВ

53 одбиле да одговорат

Мислењето на граѓаните е она кое не води во носењето на одлуките“ – напиша Стефковски на ФБ.

Слични содржини