280
Жителите на Кучково излегоа на протест преку кој го изразија своето незадоволство од фактот дека во летните горештини тие мака мачат да се снабдат со вода.
„ Вака беше и минатата година среде короната. И покрај сите дописи до општината не се реши проблемот“, велат жителите.
Пред неколку дена во селото имаше голем пожар од спој на кабли,а жителите велат дека на вака високи температури следниот пат можно е цело село да изгори.