235
Вакцинацијата против коронавирус ќе биде можна во метрото во Њујорк од среда, со само една доза на вакцината, произведена од компанијата Џонсон и Џонсон, изјавил гувернерот на оваа американска сојузна држава, Ендру Куомо.
Вакцинацијата ќе биде организирана во шест станици во метрото во Њујорк, како дел од пилот програмата. Вакцинираните лица ќе имаат бесплатно возење – еднонеделна пропусница за патување.
„Ќе го видиме одговорот и одзивот на граѓаните“, рекол Куомо, додавајќи дека властите размислуваат за начини да привлечат што поголем број граѓани да примат вакцина против коронавирус.
Околу 60 проценти од 20 милиони жители на државата Њујорк примиле барем една доза на вакцина.